(Видео) Погледнете кога и како ќе изгледа новиот Камп Ноу

    Шпанските медиуми конечно потврдија дека надградбата на Камп Ноу ќе започне во мај следната година.

    Догло се пишуваше за потенцијалниот нов изглед на стадионот на Барселона, а сега пристигна и офицјална потврда за времето на изградбата. Сите работи би требало да бидат завршени до 2021. година, а оваа надградба Барселона ќе ја чини неверојатни 600 милиони евра.

    Како и да е, најголемиот европски стадион со капацитет од 98,800 места ќе се надгради и ќе има капацитет од 105.000 места.

    Она што е исклучително добро за клубот е дека Барселона нема да се пресели од својот стадион за време на изградбата, оние „најлоши“ работи ќе се прават додека трае паузата во лигата.