Чемберлејн за 1/4 финале на Арсенал, Стариџ го елиминира Тотенхем, Њукасл со шестка го испрати Престон


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Во 1/8 финалето од купот на Англија се одиграа пет натпревари.

    Фудбалерите на Арсенал на Емирати славеа 2:0 против Ридинг. Двата погодоци за топчиите ги постигна Чемберлејн.

    Мегуаер и Досон за изненадување на Ештон Гејт. Хал се пласираше во 1/4 финале, а денес на гости го совладаа Бристол Роверс со 1:2.

    На Енфилд три погодоци и победа на Ливерпул против Тотенхем. Даниел Стариџ постигна два погодоци во победата на црвените. Погодокот за Тотенхем го постигна Јансен од пенал.

    Њукасл беше најефикасен на овој натпревар. Престон на денешниот натпревар доби шест парчиња. Митровиќ и Диаме погодија во првото полувреме. Ричи од пенал, Митровиќ за втор погодок на натпреварот и на крајот на натпреварот Диаме се запиша по втор пат во листата на стрелци и Перез ги постави конечните 6:0.

    Лидс и Норвич одиграа 1:1. На овој натпревар ќе се игра продолжение.