Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Шпанскиот интернационалец, Хуан Бернат се наоѓа на листата на желби на Манчестер Сити, објавија медиумите на Островот.
И покрај одличните натпревари на Коларов, менаџерот Гвардиола има намера да ја засили задната линија, а англиските медиуми тврдат дека инсистира на доаѓањето на Хуан Бернат кој беше под негово водство во Баерн.
Оваа сезона Бернат не е во првиот план и одигра вкупно пет натпревари за Баерн, а веројатно е дека минхенскиот гигант ќе ја прифати понудата за него вредна 22 милиони евра, колку што Гвардиола и подготвил. Токму Гвардиола во 2014. година го донесе Бернат во Баерн Минхен.