Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Фудбалерите на Барселона минатиот викенд дојдоја до победа во тешкото гостување против Валенсија (3:2) во рамките на 9. коло од шпанската Ла Лига.
Каталонската екипа до победа на „Местаља“ дојде во последните секунди од натпреварот, кога прецизен од белата точка беше Меси. По тоа, играчите на Барселона го прославија голот, а навивачите на Валенсија со шише во глава го погодија Нејмар.
По тоа, Меси влезе во вербална расправија со навивачите на Валенсија, но се набрзо заврши. Шпанските медиуми знаеја дека Комитетот на Ла Лига ќе ја казни Валенсија, но никој не очекувше таква мала казна.
Имено, Комитеот на Ла Лига денеска објави дека Валенсија е казнета со 1,500 евра поради инцидентот на натпреварот против Барселона.