Втора победа во низа за Фени – Во Кавадарци прегазена Трепца


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Кошаркарите на Фени Индустри ја декласираа српска Трепца во натпревар од третото коло од БИБЛ со 72:54.

    После полувремето домашните кошаркари имаа предност од седум поени, 35:28. Продолжија со доминацијата кавадарчани за да ја осигураат победата. Фени Индустри на крајот славеше со 72:54.

    Кирил Николовски со 22 поени беше најефикасен кај Фени. Шарабидзе натпреварот го заврши двоцифрен, 18 поени. Штуц кај Трепца најмногу се истакна со 16 поени, Диминиќ постигна 15, а двоцифрен беше и Љујиќ(13).

    Втора победа на Фени Индустри во три кола. Со денешната победа кавадарчани се искачија на првото место во групата.