Јувентус ja прегази Сампдорија, пресврт на Рома против Сасуоло, Икарди е јунакот на Интер


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Во осмото коло од Серија А се одиграа преостанатите 8 натпревари.

    Несреќниот Мбаје го спаси Киево од пораз на домашен терен. Болоња одигра 1:1 против Киево. Двата погодоци беа видени во второто полувреме. Пулгар му донесе водство на Болоња. Фудбалерот на Болоња кој влезе на теренот, Мбаје постигна автогол и ги постави конечните 1:1.

    Интер славеше на Џузепе Меаца со, 2:1. Мауро Икарди во првото полувреме ја затресе мрежата на Харт за водство на нероазурите. Во 63-та минута Белоти израмни. Напаѓачот на Интер, Икарди со својот втор погодок на натпреварот му донесе тешки три бода на Интер.

    Старата дама лесно ја совлада Сампдорија со 3:1. Само после девет минути игра беше 2:0 за Јувентус. Манџукиќ и Киелини ги израдуваа домашните навивачи. Шик се обиде да ја врати Сампдорија во игра со намалување на водството на старата дама, но тоа долго не траеше бидејќи Миралем Пјаниќ ја врати предноста од два погодоци на Јуве, 3:1. Џорџо Киелини го постигна вториот погодок на натпреварот, четврт за Јувентус за конечни 4:1.

    Лацио го прегази Каљари со 4:1. Кеита и два пати Имобиле во првиот дел стрелаа за домашниот тим. Бориело во 61-ва минута промаши пенал, а Андерсон ја запечати петата победа оваа сезона на Лацио во Серија А. Валас кој постигна автогол беше стрелец на погодокот за гостите.

    На Сан Паоло, Наполи го совлада Емполи со 2:0. Погодоците беа видени во второто полувреме, а беа дела на Драјс Мертенс и Влад Киркис. Неаполитанците се искачија на третото место на табелата во Серија А со денешната победа.

    Калдара беше човекот на одлука на натпреварот Пескара – Аталанта, 0:1.

    Голем пресврт направи Рома во натпреварот на гости против Сасуоло, 1:3. Канаваро со погодокот во првиот дел му донесе водство на својот тим. Џеко во вториот дел израмни, а потоа беше досуден пенал за Рома. Босанецот Џеко ја зеде топката по втор пат ја затресе мрежата на Сасуоло. Наинголан две минути после погодокот на Џеко ги постави конечните 1:3.

    Натпреварот Фиорентина – Кротоне почна нешто подоцна, а на полувреме водат гостите со погодокот на Фалчинели.