Несторовски: Милевски не ги сакаше играчите со карактер


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Некогашниот член на македонската репрезентација, Илија Несторовски, во интервју за „Моцарт Спорт“ обработи неколку теми, меѓу кои и состојбата во националниот тим. Тој има 50 настапи за Македонија, но последните години не беше дел од тимот што го водеше Благоја Милевски.

Според Несторовски, причината за неговото отсуство е неговиот карактер, кој Милевски не го преферирал во тимот.

„Не би кажал дека имало конфликт. Благоја Милевски не сака играчи со посилен карактер, тогаш кажа дека не се вклопувам тактички, но тоа не држи. Сакав да кажеше искрено, но на крајот секој прави избор за кој мисли дека е исправен“, изјави Несторовски.

Спомена и неговото отсуство од Европското првенство, каде што не играше поради сериозна повреда на предните вкрстени лигаменти, која ја доби еден месец пред почетокот на турнирот.

„Неверојатно е што една мала земја успеа да стигне до Европско првенство. Жалам што немав прилика да играм на завршиот турнир. На еден месец пред почетокот ги сскинав предните вкрстени лигаменти. Останав да бидам само како морална поддршка“, изјави Несторовски.

Целото интервју со Несторовски е достапно за читање – ТУКА.