ЖРК Вардар плови во победнички води – Пенезиќ со 10 погодоци го торпедира голот на Астраханочка


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Во натпревар од третото коло од ЛШ, ракометарките на ЖРК Вардар славеа со 26:31 на гостувањето во Русија кај Астраханочка.

    Вардарки отворија одлично со водство од 3:6. Домашните набрзина се вратија во натпреварот и израмнија, 6:6. Со серијата од два погодоци Вардарки се вратија на водство од два погодоци, 7:9. На полувреме ракометарките на Вардар заминаа со предност од еден погодок, 13:14. Одлично Вардарки го отворија и второто полувреме. Со трите погодоци во серија стигнаа до предност од четири погодоци, 16:20. Ракометарките на рускиот клуб повторно се вратија во натпреварот и ја спуштија негативата на еден погодок, 20:21. Четири погодоци во серија постигнаа гостите и ја направија најголемата предност во натпреварот, 20:25. На крајот Вардарки славеа со 26:31 за втора победа во групната фаза.

    Андреа Пенезиќ со 10 погодоци беше најефикасна кај Вардарки. Тамара Мавсар постигна 6 погодоци. Кај гостите Карина Сабирова со 8 погодоци најмногу се истакна.