Убиствените Гамеиро и Караско ја испратија Малага со четири парчиња


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Фудбалерите на Атлетико Мадрид на Висенте Калдерон славеа со 4:2 против Малага во натпревар од десетото коло во Ла Лига.

    Јаник Фереира Караско ги израдува домашните навивачи со погодокот во седмата минута. Во 24-та минута после одбиена топка Кевин Гамеиро по втор пат ја затресе мрежата на Малага. После половина час играше беше досуден слободен удар за Малага, а Сандро со фантастичен удар го намали водството на јорганџиите. Пред крајот на првото полувреме Гризман асистираше, а Гамеиро по втор се запиша во листата на стрелци, 3:1. Стефан Савиќ во 60-та минута доби црвен картон, а четири минути подоцна Камачо со глава намали на 3:2. Четири минути пред крајот на натпревар Јаник Фереира Караско со својот втор погодок на натпреварот го реши победникот на натпреварот, 4:2.

    Диего Симеоне и Атлетико Мадрид им се вратија на победите после поразот во минатото коло од Севиља, 1:0.