Нова АТП листа – Паника кај Новак, Мареј оваа недела може до преземање на лидерското место


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Енди Мареј му се доближи на Новак на 1915 поени и оваа недела би можел до првото место.

    Британскиот тенисер, Енди Мареј после освојувањето на турнирот во Виена дополнително му се приближи на светскиот рекет број еден, Новак Ѓоковиќ и сега разликата помеѓу нив изнесува 1915 поени.

    Мареј доби 500 поени во Виена. Тој би можел до стигне до првото место после мастерсот во Париз ако стигне до трофеј, а Новак испадне пред финалето каде што ја брани титулата. Втората можност да се смене лидерот е Мареј да влезе во финале, а србинот да испадне пред полуфинале.

    Зад Ѓоковиќ и Мареј се наоѓа Станислас Вавринка, Кеј Нишикори го помина Милош Раониќ и сега е на четвртото место, а Рожер Федерер падна на деветото место.

    ТОП 10:

    1.Новак Ѓоковиќ (Србија) 12.900
    2.Енди Мареј (Велика Британија) 10.985
    3.Станислас Вавринка (Швајцарија) 5.865
    4.Кеи Нишикори (Јапонија) 4.905
    5.Милош Раониќ (Канада) 4.690
    6.Рафаел Надал (Шпанија) 4.080
    7.Гаел Монфилс (Франција) 3.635
    8.Доминик Тим (Австрија) 3.250
    9.Рожер Федерер (Швајцарија) 3.220
    10.Марин Чилиќ (Хрватска) 3.100