Се спрема сериозна понуда – Интер брои 65 милиони евра! Ако новинарите не престанат да го критикуваат, тој ќе замине во Милано


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    А го одби Реал Мадрид.

    Интер е спремен да се вмеша во трката за фудбалерот на ПСЖ, Марко Верати и во јануари нероазурите се спремни да понудат65 милиони евра.

    Газета Дело Спорт соопшти дека менаџерите на Верати имале состанок со ракодството на нероазурите и започнале преговори. Донато Ди Кампли, агентот на 23-годишниот фудбалер најави дека би можел да го напушти Паркот на Принцовите.

    „Уплашен бев кога ги читав критиките на сметка на Верати. Францускиот весник треба да биде горд што пишува за таков фудбалер. Нека бидат среќни што Марко е во Париз бидејќи во спротивно ќе пишуваат само за пријателски натпревари на локалните клубови. Ако продолжат вака, Верати ќе го напушти Париз. Не само поради медиумите, туку поради оние кои го критикуваат, а не го разбираат фудбалот. Во тој случај ќе разговарам со други клубови и тренери кои мислат поинаку“, изјави Ди Кампли.

    Интер толку загриза за Марко Верати што е спремен во Париз да ги испрати Марсело Брозовиќ или Жофри Кондогбија кои би можеле да играат во ЛШ за ПСЖ. Верати има голема желба да се врати во татковината бидејќи е незадоволен кај францускиот шампион.