Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо би можел да добие голема казна од Фудбалската асоцијација на Англија (ФА).
По пријавата поднесена против него поради разговорот за судијата Ентони Тејлор пред натпреварот со Ливерпул, Мурињо во натпреварот против Барнли на „Олд Трафорд“ беше испратен на трибините.
Тој имаше конфликт со судијата Марк Клатенбург во тунелот на стадионот, по што беше исклучен од натпреварот.
Тоа би можело да го чини голема казна. Португалецот би можел да добие забрана за водење на тимот во следните четири натрепвари, а слична казна доби и минатата година кога го водеше Челси.
Сепак, во текот на денот ќе се добие вест за „случајот Тејлор“, а наскоро следува и новата постапка.