Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Легендата на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс доби понуда за менаџерска работа.
По неуспешните преговори за ангажман во Свонси, Гигс продолжи во потрага за клуб, а работа му нуди екипата на МК Донс.
Се работи за учесник во третото ниво на англискиот фудбал, а овој клуб е основан брз темелите на поранешниот Вимблдон, кој згасна во почетокот на овој век.
Управата на клубот не е задоволна од моменталната ситуација. Сега се на 20. место во Лига 1 со 16 бода и во Гигс го гледаат спасението до крајот на сезоната.
Велшанецот го водеше Манчестер Јунатјед по отказот на Дејвид Мојс, а ова лето го напушти клубот по доаѓањето на Жозе Мурињо. Исто така, работеше на „Олд Трафорд“ како асистент на Луи Ван Гал.