Роналдо го напушти Паркен по експлозивниот прес на Жезус - пропушти тренинг пред Данска

Кристијано Роналдо во дресот на Португалија
Кристијано Роналдо во дресот на Португалија

Кристијано Роналдо повторно го пропушти групниот тренинг на Португалија – трет ден по ред – и го напушти стадионот Паркен во Копенхаген со комбе на португалската федерација само неколку минути откако селекторот Жорже Жезус на прес-конференција гарантираше дека капитенот ќе тренира, пренесува A Bola.

Жезус тврдеше дека Роналдо вчера не одбил да тренира и дека денеска ќе биде на теренот, но истовремено остро ја истакна својата улога. Тој му кажал на играчот дека нема да стартува против Данска и дека ќе биде на клупата, а ако му бидат потребни 30 минути, ќе влезе – ако не, нема да игра. Ниту еден играч, ниту претседател нема да ги промени неговите идеи, изјави селекторот, според A Bola и Дерби.

Наместо на теренот, Роналдо бил снимен како го напушта Паркен и се упатува кон црно комбе со двајца претставници на федерацијата, додека соиграчите, со исклучок на повредениот Франсиско Консеисао, веќе биле на тревникот. Засега нема официјално објаснување од Фудбалската федерација на Португалија за неговото отсуство од денешниот тренинг, пишува A Bola.

Напнатоста трае од победата со 2-1 над Норвешка во Осло, кога Роналдо остана на клупата во текот на целиот натпревар, а потоа не тренираше со тимот. Претседателот на федерацијата Педро Проенса пристигна во базата на итен состанок со Жезус и Роналдо во утринските часови – состанок кој бил опишан како мирен – а попладнето Жезус на прес-конференцијата го најави Гонсало Рамос како стартер против Данска во Лигата на нации во четврток, 1 октомври, според A Bola.