Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Манчестер Јунајтед во досегашниот дел од сезоната не игра онака како што се очеуваше од овој клуб пред да започне сезоната, па поради тоа јасно е дека во јануари ќе се направат дополнителни промени на „Олд Трафорд“.
Португалскиот стратег, Жозе Мурињо во зимскиот трансфер период сигурно ќе се обиде да донесе неколку нови засилувања кои ќе му помогнат на Манчестер Јунајтед да се вклучи во жешката трка за титулата во Премиер лигата.
Имено, Мурињо во јануари ќе се обиде да го донесе дефанзивецот на Атлетико Мадрид, Хозе Хименез. Мурињо не е задоволен од играта на своите одбранбени играчи, па самиот потврди дека ќе има промени во оваа област.
Доколку можеме да веруваме на шпекулациите, Манчестер Јунајтед ќе ја активира откупната клаузула на овој уругвајски играч која изнесува 56 милиони фунти.