Мурињо одлучи да го награди играчот кој од мали нозе е во Манчестер Јунајтед


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    Играчите на Манчестер Јунајтед не ги исполнија очекувањата во досегашниот дел од сезоната.

    Ова посебно се однесува на некои ѕвезди како Златан Ибрахимовиќ, Пол Погба, Вејн Руни… Иако Јунајтед не игра лошо, резултати нема и поради тоа Жозе Мурињо и неговите помошници се загрижени, како и сите навивачи на Јунајтед.

    И додека ѕвездите се обидуваат да се прилагодат на новата средина, играчот кој од мали нозе е во Манчестер Јунајтед, Џеси Лингард во последниот натпревар против Барнли покажа дека има знаење.

    Па поради добрите натпревари, клубот одлучи да го продолжи договорот со него, со што Англичанецот ќе добие зголемување во однос на сегашните 30,000 фунти неделно.

    23-годишниот играч има договор со Јунајтед уште 18 месеци, но на „Олд Трафорд“ процениле дека тој заслужува да биде во клубот уште долги години.