Ракометарите на Вардар продолжуваат без пораз во Суперлигата. Во осмото коло тимот на Иван Чупиќ гостуваше во Прилеп и славеше со 38-29, со што стигна до осмата победа од исто толку натпревари.
Прилепчани пружија отпор во првото полувреме, кое заврши со 16-14 за Вардар. Во второто полувреме „црвено-црните“ го забрзаа темпото и брзо стигнаа до двоцифрена предност.
Најефикасен кај Вардар беше Малус, кој постигна 11 гола од 13 шута, а Митровиќ додаде осум. Голманот Гогов одигра одличен натпревар со 14 одбрани. Кај домаќините се истакна Шипинковски со седум гола.
Вардар, како актуелен шампион, прв излезе на терен во ова коло. Предноста од два гола на полувремето во продолжението прерасна во убедлива победа, а разликата на крајот изнесуваше девет гола.
Еурофарм Пелистер не дозволи изненадување во Битола и убедливо ја совлада Младост со 36-21. Битолчани уште на полувремето водеа со 16-6. Филип Кузмановски со седум гола беше најефикасен кај Пелистер, а кај гостите Бојаниќ постигна осум. Битолчани имаат седум победи и едно реми.
Токму Пелистер во следното коло гостува кај Вардар во големото дерби, кое ќе покаже дали некој може да го загрози шампионскиот поход на скопјани.
Битолчани ја најавија победата уште во првите 30 минути, во кои гостите постигнаа само шест гола.
Тиквеш го совлада Куманово со 30-28 и стигна до четвртата победа во сезоната. Макфуд кај Тиквеш и Радван кај Куманово постигнаа по девет гола.
Голема драма имаше во Струга, каде што домаќините ја совладаа Мулти Есенс со 32-31. Струга водеше со 17-15 на полувремето, а во 46тата минута резултатот беше 26-26. Мице Шилегов постигна 11 гола за Струга, а кај гостите Јулијан Матевски постигна шест.
















