Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Фудбалерот на Ливерпул, Дени Ингс ќе отсуствува од теренот до девет месеци поради повредата на десното колено, соопшти денеска клубот.
Ингс се повреди минатата недела за време на натрепварот против Тотенхем во Лига Купот и ќе треба да оди на операција за коленото.
Како што е наведено, не се работи за истото колено, кое го повреди во октомври минатата година, кога отсустуваше дури седум месеци.
„Да кажеме дека сме многу разочарани ќе бидеме потценети. Тој е толку добро момче кој напорно работи и заслужува повеќе среќа од ова. Ова е типичен Дени, да го повреди коленото при старт кога храбро се бори да дојде до топката за својот тим. Исто така, истиот тим на личност ќе се врати на теренот“, изјави менаџерот Јирген Клоп.
Ингс во вторник во Лондон ќе го оперира коленото. Тој во 2015. година се пресели во Ливерпул и одигра само 11 натпревари каде што постигна четири гола. За репрезентацијата на Англија одигра само еден натпревар.