Македонскиот фудбал е во жалост по веста дека на 46-годишна возраст почина Владимир Секуловски, поранешен младински репрезентативец и долгогодишен играч на повеќе прволигашки клубови, пренесуваат Спорт Спорт, Слободен печат и Дерби.
Секуловски е роден во 1980 година. Во текот на кариерата настапуваше за Вардар, Тетекс, Слога Југомагнат и Работнички, а со македонските прволигаши освојуваше шампионски титули и трофеи во Купот на Македонија. Играше на позицијата лев бек. Во 2011 година настапуваше за албанскиот Шкумбини, а кариерата ја заврши во Осогово.
Посебна трага остави во Тетово, каде што беше дел од фудбалската приказна на Тетекс.
Тажната вест доаѓа само два дена по смртта на поранешниот репрезентативец Агрон Мемеди во Тетово, член на стручниот штаб на Шкендија, на кого му се слоши за време на тренинг, пренесе Курир.
















