Игор Алексовски е првото летно засилување на Вардар


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Голманот на младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година е првото летно засилување во нашиот клуб.

Алексовски веќе е дел од нашиот тим на подготовките во Бад Тацмандорф, а тој веќе го мина стандардното „огнено крштевање“ за добредојде во редовите на десетктатниот првак на Македонија.

„Чувството да се биде дел од еден вака голем клуб е прекрасно. Сите во Македонија знаеме кој е Вардар и што сѐ има постигнато низ историјата. Едноставно може да се вброи во најдобрите на целиот Балкан. Јас како нов во редовите, одлично се вклопив и премногу сум задоволен од професионалниот начин на работа. Дел од колегите веќе ги познавам, со нив играм во младата репрезентација, со останатите сѐ уште се запознавам. Сега за сега, целам да го презентирам она што го знам на тренинзите, а за се останато останува да одлучи стручниот штаб“, вели Алексовски.

Алексовски има 21 година, роден е на 24 февруари 1995 година и во тимот на „црвено-црните“ доаѓа од редовите на Македонија ЃП, каде изминатата сезона беше еден од клучните играчи за враќањето на клубот во Првата лига. Стандарден голман е на младинската селекција на Македонија, со која моментно е на делба на второто место во квалификациската група во битката за пласман на ЕП 2017 во Полска. Посебно Алексовски се истакна со своите интервенции годинава на гостувањето во Франција во ремито 1-1.