Ковачиќ спаси брука на Реал во Полска, Фалкао ја реши ЦСКА, Толисо спречи победа на Јувентус


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Од четвртото коло од групната фаза се одиграа уште осум натпревари.

    Рамос со погодокот во првото полувреме му донесе победа на Борусија Дортмунд против Спортинг Лисабон, 1:0. Копенхаген и Лестер одиграа 0:0. Лион се избори за бод од Италија против Јувентус. Игуаин во првото полувреме погоди од пенал за водство на Јувентус, но Толисо пет минути пред крајот на натпрварот му донесе бод на својот тим. Најголемото изненадување се случи во Полска каде Легија ремизираше против големиот Реал Мадрид, 3:3. Бејл постигна еврогол на стартот на натпреварот, а Бензема го зголеми водството на кралскиот клуб. Офое го намали водството. Радовиќ и Моулин донеоја пресврт, 3:2. Матео Ковачиќ спаси голема брука на Реал за конечни 3:3.

    Монако ја декласира ЦСКА со 3:0. Жермејн и два пати Фалкао беа стрелци во победата на кнежевскиот клуб. Погодокот на Адриен Силва беше доволен за победа на Порто против Клуб Бриж, 1:0. Севиља на Рамон Санчез Пискуан го прегази Динамо Загреб, 4:0. Кевин Камл со погодокот во второто полувреме му донесе големи три бода на Леверкузен против Тотенхем.