Дурантула ги уништи поранешните соиграчи, доминација и на кралот за продолжување на серијата без пораз


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Синоќа се одиграа пет натпревари од НБА лигата.

    Во Оракл Арена, Голден Стејт Вориорс без проблеми ја совлада Оклахома Сити Тандер со 122:96. Прво име на натпреварот беше Кевин Дурент, поранешниот кошаркар на Оклахома кој постигна 39 поени. Стеф Кари го заврши натпреварот со 21 поен, а Томпсон додаде 18 поени. Кај Оклахома, Виктор Оладипо беше најефикасен со 21 поен. Расел Вестбрук имаше дабл-дабл учинок, 20 поени и 10 асистенции.

    Фантастична ноќ имаше и Леброн Џејмс кој со 30 поени и 12 асистенции му донесе победа на Кливленд Кавалирс против Бостон Селтикс, 128:122. На гостите не му помогнаа ниту 30-те поени на Томпсон, па Кливленд остана со 100% учинок.

    Домашната победа запиша и Орландо Меџик кој го совлада Сакраменто Кингс со 102:94. Најдобар во победничкиот тим беше Еван Фурние со 29 поени. Серж Ибака додаде 17 поени. Демаркус Казнс со 33 поени беше најефикасен кај Сакраменто.

    Милвоки Бакс ја прегази Индијана Пејсерс со 125:107. Антетокоумпо и Паркер со по 27 поени го предводеа Милвоки до големата победа. Пол Џорџ со 23 поени најмногу се истакна кај Пејсерс.

    Кошаркарите на Денвер Нагетс славеа против Минесота Тимбервулвс со 99:102. Галинари и Чендлер со по 19 поени беа виновниците за победата на Денвер. Ниту 32-та поени и 14-те скока на Таунс не беа доволни за победа на Минесота.