Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Манчестер Јунајтед е подготвен да му плати на Бастијан Швајнштајгер 10 милиони фунти само за да го раскине договорот.
Искусниот Германец е вишок во тимот на Жозе Мурињо, па претходните неолку недели тренираше со младиот тим.
Сепак, „црвените ѓаволи“ очајнички се обидуваат да го решат неговиот голем договор, па му понудиле огромна сума на пари само за да го раскинат договорот.
Иако Швајни се врати на тренинзите со првата екипа минатата недела, тешко дека ќе се избори за место на теренот, и покрај мизерните резултати на Јунајтед оваа есен.
„Начинот на кој Бастијан работи е професионален, секој ден со кондиционален тренер, тоа е човечка одлука, професионално е да го вратам во тимот. Ќе биде во многу подобра форма во случај да одлучи да го напушти клубот“, изјави Мурињо пред неколку дена.
Швајнштајгер во Јунајтед пристигна летото 2015. година од Баерн за 10 милиони евра и потпиша 3 годишен договор. Одигра 31 натпревар и постигна еден гол, додека оваа сезона не настапи ниту еднаш.