Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Дефанзивецот Висен Компани се враќа во репрезентацијата на Белгија.
Во ноември, „црвените ѓаволи“ имаат контролна средба со Холандија, како и натпревар во квалификациите за Светското првенство против Естонија.
Селекторот на белгискиот тим, Роберто Мартинез изјави дека учеството на Компани во натпреварите зависи од неговите настапите во Манчестер Сити.
Белгија контролната средба против Холандија ќе ја игра на 9. ноември во Амстердам, а четири дена подоцна Белгијците ќе се соочат против Естонија во квалификациска средба за СП 2018.
„Треба да ја вратиме формата на Компани“, изјави Мартинез. Белгија го завзема првото место во квалификациска група “H” со 9 поени.