Лејкерс ги посрамотија Вориорс, фантастична ноќ за Каваи и Лилард


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Синоќа се одиграа девет натпревари од НБА лигата.

    Лос Анџелес Лејкерс во Стејплс славеа со 117:97 против Голден Стејт Вориорс. Лу Вилијмс и Џулиус Рендл со по 20 поени ги предводеа езерџиите до победа. Кај гостите Кевин Дурент беше најефикасен со 27 поени. Стеф Кари имаше катастрофална ноќ бидејќи постигна само 13 поени и не погоди тројка.

    Сан Антонио му се реваншира за поразот пред неколку дена на Јута, 100:86. Каваи Ленар повторно беше фантастичен и натпреварот го заврши со дабл-дабл учинок, 29 поени и 11 скока. Подршка имаше од Ламаркус Олдриџ кој постигна 19 поени. Кај домашните Родни Худ најмногу се истакна со 18 поени.

    Портланд на крилата на Лилард го совлада Далас со 105:95. Лилард повторно беше расположен и запре на 42 поени. Мејсон Пламли додаде 19 поени, а Ал Фарук Амину натпреварот го заврши со дабл-дабл учинок, 12 поени и 10 скока. Џеј Џеј Бареа кај Далас беше најефикасен со 23 поени.

    Шарлот Хорнетс на гости кај Бруклин славеше со 95:99. Вокер со своите 30 поени му донесе победа на својот тим. Во поразениот тим Килпатрик постигна 19 поени, а Лопез 18 поени.

    Во единствениот натпревар што се играше во продолжение, Феникс Санс славеше против Њу Орлеанс Пеликанс со 112:111. Букер во победничкиот тим беше најефикасен со 38 поени. Со дабл-дабл учинок натпреварот кај Пеликанс го заврши Ентони Дејвис, 22 поени и 11 скока.

    Дабл-дабл учинокот на Крис Пол беше доволен за победа на Клиперс против Мемфис, 88:99. Плејмејкерот натпреварот го заврши со 27 поени и 11 асистенции. Кај Мемфис најмногу се истакна Конли кој постигна 30 поени и додаде 10 асистенции.

    Њујорк Никс лесно го совлада Чикаго со 104:117. Ниту дабл-дабл учинокот на Двејн Вејд не беше доволен за победа на Булс, 35 поени и 10 скока. Кај Њујорк најефикасен беше Порзингис со 27 поени. Поранешниот кошаркар на Чикаго, Дерик Роуз натпреварот го заврши со 15 поени и 11 асистенции.

    Расположениот Дерозан со 34-те поени му донесе победа на Торонто против Мајами Хит, 96:87. Бредли Бил и Џон Вол го предводеа Вашингтон до тешката победа против Атланта Хокс, 95:92. Бил натпреварот го заврши со 28 поени, а Вол оствари дабл-дабл учинок, 21 поен и 10 скока.