Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
20-годишниот Ентони Мартиал пристигна во 2015. година во редовите на Манчестер Јунајтед во сензационалниот трансфер од редовите на Монако.
За кратко време, Мартиал ги освои симпатиите од навивачите, но со доаѓањето на Жозе Мурињо полека се наметнува во позадина.
Следуваа неговите малку послаби перформанси на теренот, а неговиот агент смета дека клубот не бил праваден спрема него и дека она што му го направиле на самиот старт на сезоната не било убаво.
„Нема да ве лажам за тоа, беше разочаран неколку дена поради тоа што Ибра му ја зеде деветката, а пред се изненаден. Сепак, тој е професионалец, знае како да се врати назад“, изјави негвоиот агент.
„Лично, јас не ја прифатив таа одлука, мислам дека не е фер. Ги прашав луѓето од управата што мислат за тоа. Не смеат да прават работи на тој начин. Свртевме нов лист, но не заборавивме“, изјави Филип Ламболеј.