Бензема повреден, голема шанса за Мората

    Првиот напаѓач на Реал Мадрид, Карим Бензема нема да игра утре против Леганес, дознава AS.

    Францускиот напаѓач заработи повреда на мускулот на натпреварот против Легија и ќе биде надвор од тимот кој ќе настапи против Леганес.

    Со тоа, широко се отвараат вратите за Алваро Мората, кој најверојатно ќе биде стартер. Кристијано Роналдо и Лука Модриќ тренираа комплетно, додека Рамос, Каземиро и Пепе продолжваат со рехабилитацијата.

    Натпреварот ќе се одигра утре во Мадрид со почеток од 12:00.