Нов тренер лесна победа – Вардарки ја размонтираа Астраханочка во Скопје


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Ракометарките на Вардар во натпревар од четвртото коло од групната фаза во ЛШ славеа во салата Јане Сандански против Астраханочка со 39:25.

    Вардарки одлично го отворија натпреварот со серија од два погодоци. Со иста мерка гостите од Русија вратија и го израмнија резултатот. После израмнувањето ракометарките на Вардар многу лесно постигнуваа погодоци и само го зголемуваа водството. Три погодоци во серија постигна Вардарки за водство од пет погодоци, 11:6. Следуваше нова серија на Вардарки од три погодоци за зголемување на водството на седум погодоци, 15:8. На полувреме Вардарки заминаа со предност од пет погодоци, 18:13. Повторно ракометарките на Вардар отворија со серија од два погодоци и ја вратија предноста од седум погодоци, 20:13. Вардарки постигнаа три погодоци во серија и водството порасна до девет погодоци, 24:15. Водството на домашниот клуб се зголеми на единаесет погодоци со четирите погодоци во серија на Вардарки, 29:18. Најголемото водство на ЖРК Вардар во натпреварот го видовме во дваесет и третата минута, 14 погодоци, 36:22. Вардарки на крајот славеа со 39:25 за трета победа во ЛШ.

    Јованка Радичевиќ беше најефикасна со 9 погодоци во тимот на Вардар. Андреа Пенезиќ со 6 погодоци го заврши натпреварот како втор стрелец. Андреа Лекиќ која се врати во тимот постигна 3 погодоци. Сара Ристовска во големата победа на Вардар постигна 1 погодок и тоа од 7 метри. Кристика Кожокар беше најрасположена кај Астраханочка со 7 погодоци.