Поубава е глетката од врвот – Езгјан Алиоски продолжува да „кине“ мрежи во Швајцарија


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Во натпревар од 14-тото коло во швајцарската суперлига, фудбалерите на Лугано беа поразени на домашен терен со 2:3 од Ст.Гален.

    Македонскиот репрезентативец, Езгјан Алиоски после осум минути игра му донесе водство на Лугано. Ајети две минути пред крајот на првото полувреме го израмни резултатот. Буњаку во второто полувреме со својот погодок направи пресврт, а Мариани повторно го израмни резултатот. Пеналот кој беше досуден во 76-та минута го пресуди победникот на натпреварот. Араторе од белата точка му донесе победа на гостите.

    Алиоски ги одигра сите 90 минути и сега се наоѓа на делба на првото место на листата стрелци со Шунеувли кој исто така има постигнато 9 погодоци досега во швајцарската лига.