Мурињо и ѓаволите конечно се радуваа – Ракета на најскапиот во победата против Свонси


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Фудбалерите на Манчестер Јунајтед славеа на Либерти против Свонси со 1:3.

    Почетокот на натпреварот донесе една голема шанса на Вејн Руни во која англичанецот беше непрецизен. Во 15-та минута имавме можност да видиме фантастичен погодок на најскапиот фудбалер на светот, Пол Погба за водство на Мурињо. Шест минути подоцна Златан Ибрахимовиќ на асистенција на Вејн Руни го зголеми водството на црвените ѓаволи. Неколку минути подоцна повторно истата улога од вториот погодок ја имаа Вејн Руни и Златан Ибрахимовиќ. 0:3 беше резултатот на полувреме. Дваесет минути пред крајот на натпреварот фудбалерите на Свонси преку погодокот со глава на Хорн после изведен слободен удар го постигнаа единствениот погодок во мрежата на Давид Де Геа. Хуан Мата пропушти голема шанса за постигнување на четврт погодок неколку минути подоцна. Црвените ѓаволи конечно славеа после четири натпревари без победа во ПЛ.

    Со денешната победа Манчестер Јунајтед се искачи на шестото место на табелата со 18 бода. Тимот на Жозе Мурињо во следното коло ќе ги пречекаат на Олд Трафорд Арсен Венгер и Арсенал. Свонси останува на претпоследната позиција на табелата во ПЛ, а во 12-то коло му гостуваат на Евертон.