ДА! КР7 во Реал Мадрид до 2021-ва година


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Португалецот до 36-та година во кралскиот клуб.

    Она што се чекаше сега е потврдено. Кристијано Роналдо и Реал Мадрид договорија нов договор. Кралскиот клуб ја извести јавноста дека Кристијано Роналдо утре во друштво на Флорентино Перез и официјално ќе потпише продолжување на соработката до 2021-ва година.

    Така Роналдо ќе ја заврши кариерата во гигантот во кој стигна во 2009-та година. Португалецот е фудбалер со најмногу стаж во ерата на Флорентино Перез.

    Продолжувањата на договорите со Крос, Модриќ, Васкез и Бејл во претходните денови беа само вовед во најзначајната работа на Реал Мадрид. Блиндирање на Кристијано Роналдо.

    Преговорите на двете страни долго траеа. Реал сакаше договор до 2020-та година, Португалецот една година подолго. На крајот дојде по негово и доби договор уште пет години.

    Роналдо сепак е икона на Реал и клубот ги испочитува сите негови барања. Сосема е јасно дека португалецот до крајот на кариерата во Реал ќе ги руши сите рекорди. Досега со Реал има освоено две ЛШ, два суперкупа на Европа, светско клупско првенство, Примера, два купа на кралот, суперкупот на Шпанија, три златни копачки и две златни топки.

    Роналдо ќе остане најплатен фудбалер на тимот, а најверојатно ќе го престигне Лео Меси. Финансиските детали од договорот не се познати, но во следните денови и тоа ќе се дознае.