Де Бур замина Интер почна да победува – Кротоне во финишот се предаде на Џузепе Меаца


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Фудбалерите на Интер во натпревар од 12-тото коло од Серија А на Џузепе Меаца славеа со 3:0 против Кротоне.

    Првото полувреме без посериозни шанси за погодок. Возбудување на Меаца на стартот на вториот дел кога Муриљо со глава од блиску шутираше над голот. Следуваше шут на Икарди кој беше непрецизен. Голманот на Кротоне одбрани фантастично по изведениот слободен удар на Евер Банега. Конечно во 84-та минута се израдуваа домашните навивачи, а Перишиќ му донесе водство на нероазурите. Фудбалерите на Кротоне четири минути подоцна направија прекршок во казнениот простор и беше досуден пенал за Интер. Мауро Икарди ја намести топката и по втор пат го натера голманот на Кротоне да ја вади топката од мрежата. Аргентинецот Мауро Икарди во 93-та минута ги постигна вториот погодок на натпреварот и ги постави конечните 3:0. После заминувањето на тренерот Де Бур поради лошите резултати, Интер запиша победа.

    Во следното коло Интер го игра градското дерби против Милан на Сан Сиро, а Кротоне ќе го пречека Торино на домашен терен.