ПСЖ го декласира Рен за приближување до врвот


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Фудбалерите на ПСЖ на Паркот на Принцовите славеа со 4:0 против Рен.

    Фернандес постигна автогол после половина час игра за водство на домашните. Три минути пред крајот на првото полувреме Едисон Кавани го зголеми водството на ПСЖ. Рабио и Верати ги постигнаа останатите два погодоци во убедливата победа на ПСЖ.

    После денешната победа ПСЖ има три бода негатива во однос на лидерот Ница.

    ПСЖ во следното коло игра против Нант на Паркот на Принцовите.