Тежок удар за Јувентус


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Дефанзивецот на Јувентус ќе биде надвор од теренот следните два месеци.

    Андреа Барзаљи беше на медицинските прегледи на кои беше утврдена повреда на раменото поради која нема да игра околу два месеци.

    Барзаљи се повреди на стартот на натпреварот против Киево после сударот во воздух со Даинели. Од силниот удар настрада раменото на дефанзивецот и веднаш беше пренесен во болница.

    Со ова продолжуваат проблемите за Јувентус во дефанзивата бидејќи повреди во последно време ги мачеа и Џорџо Киелини и Мехди Бенатија.