Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кинглси Коман како голем талент пред две години пристигна во Јувентус од ПСЖ. 20-годишниоt Французин не остана долго во Торино, минатата година дојде на позајмица во Баерн која сеуште трае.
Италијанските и германските медиуми долго време пишуваа за судбината на францускиот репрезентативец, а сега се за тоа откри Карло Анчелоти.
Имено, италијанскиот стратег за „Tuttosport“ откри дека не постои никаква шанса младиот напаѓач да се врати во Торино, што значи дека Баварците следното лето ќе мораат да им исплатат дури 21 милион евра на Старата дама.
„Коман? Тој е иднината на Баерн. Ние сериозно сметаме на него и се потпираме на неговите способности. Нема шанси тој да се врати во Јувентус“, изјави Анчелоти.
Поранешниот фудбалер на ПСЖ е главната надеж на Баварците, особено кога ќе си заминат Робен и Рибери.