Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Шведскиот напаѓач, Златан Ибрахимовиќ ова лето пристигна во Манчестер Јунајтед како големо засилување.
Ибрахимович одлично ја отвори оваа сезона, но во последните неколку недели беше во мала голгетерска криза. Сепак, претходниот викенд, Ибра постигна два гола во победата на „Црвените ѓаволи“ против Свонси со 3:1.
„Сигурен сум дека ќе ја освојам титулата во Премиер лигата со Манчестер Јунајтед. Доколку ја освојам таа титула, можеби и ќе ставам крај на мојата кариера, но тешко. Се уште имам голема желба за фудбалот и знам дека можам да играм уште неколку години. Би било одлично да останам во Манчестер Јунајтед и следната сезона, но ќе видиме“, изјави Ибрахимовиќ.
Шведскиот напаѓач во својата кариера освои титула во сите земји во кои играше. Сепак, Ибрахимовиќ додаде дека секоја титула си има своја приказна, и дека ако ја освои титулата со Јунајтед, таа ќе биде најважна во неговата кариера.