Рајн Некар го остави Загреб на дното – Дејан Манасков втор стрелец во победата


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Ракометарите на Рајн Некар Левен во натпревар од шестото коло од групата во ЛШ го совладаа на домашен паркет Загреб со 25:24.

    Првото полувреме ракометарите на германскиот клуб го добија со 14:10. Тоа водство го одржуваа во текот на второто полувреме. Гостите успеаа во последната минута да се приближат до еден негатива, но не и да израмнет, 25:24.

    Андре Шмид и Мариуш Стенхаусер со 7 погодоци го предводеа Рајн Некар до победа. Македонскиот репрезентативец, Дејан Манасков натпреварот го заврши како втор стрелец со 4 погодоци од 5 обиди. Најефикасен кај гостите беше Стипе Мандалиниќ со 8 погодоци.

    Во следното коло Рајн Некар Левен ќе го пречека македонскиот шампион, Вардар. Загреб игра на домашен терен во седмото коло од групната фаза во ЛШ против словенечки Целје.