Прва победа за Њу Орлеанс – Победи запишаа и Чикаго, Голден Стејт и Лејкерс


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    На НБА паркетите синоќа се одиграа четири натпревари.

    Двејн Вејд се врати во Флорида, но во дресот на Чикаго. Булс го совладаа Мајами Хит со 95:98. Батлер со 20 поени беше најефикасен во тимот на Чикаго. Рондо имаше дабл-дабл учинок, 16 поени и 12 скока, а Лопез исто така постигна 16 поени. Кај Мајами, Хасан Вајтсајд најмногу се истакна на натпреварот со дабл-дабл, 20 поени и 20 скока.

    Пеликанс ја запишаа првата победа оваа сезона. Го совладаа Милвоки Бакс со 106:112. Ентони Дејвис го предводеше Њу Орлеанс до првата победа со 32 поени. Џабари Паркер кај Милвоки беше најефикасен со 33 поени.

    Голден Стејт го прегази Денвер со 101:125. Стеф Кари ги предводеше Вориорс до победа со 33 поени. Клеј Томпсон додаде 19, а Кевин Дурент 18 поени. Најефикасен кај Нагетс беше Мареј со 14 поени.

    Лејкерс им се врати на победите и го совлада Сакраменто со 91:101. Кај Лејкерс Вилијамс беше најефикасен со 21 поен. Расел го заврши натпреварот со 17, а Јанг со 16 поени. Демаркус Казнс беше најрасположен за игра кај Кингс и постигна 28 поени.