Сан Антонио и Клиперс продолжија да победуваат


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Осум натпревари се одиграа синоќа во НБА.

    Фаворитите без проблеми стигнаа до нови победи што посебно се однесува на Клиперс кој го совлада Бруклин со 127:95 и Сан Антонио кој со 94:90 го победи Мајами.

    Пол со 21 и Грифин со 20 поени го предводеа Клиперс до победа, а на другата страна најефикасен беше Богдановиќ со 18 поени. До осмата победа Спарс беа предводени од Ленар со 24 поени. Веитерс кај Мајами постигна 27 поени.

    Индијана го победи Орландо со 88:69, Мајлс со 16 поени беше најефикасен во тимот на Пејсерс. Детроит беше подобар од Оклахома со 104:88, а Њујорк славеше против Далас со 93:77, Ентони и Порзингис постигнаа по 24 поени.

    Њу Орлеанс во интересен натпревар го победи Бостон минимално со 106:105, Дејвис 25 поени, на другата страна Томас 37 поени. Со 33-те поени на Харден, Хјустон ја совлада Филаделфија со 115:88, Мемфис како гостин ја победи Јута со 102:96, Гасол 22 поени.