Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Минатата зима целото внимание во Србија го привлече на себе Давид Бабунски, првотимецот кој од младинскиот тим на Барселона премина во српскиот гигант Црвена Звезда.
Бабунски некако не се наметнува во тимот на Миодраг Бозовиќ, а и во натпреварите во кои добива шанса не импресионира.
Истовремено пак со нашата млада селекција избори пласман на ЕП во Полска, а веќе е и префрлен во А тимот.
Дознавме дека Бабунски ќе ја напушти Звезда бидејќи играч со потенцијал да седи на клупа и да не добива минутажа за да се докаже не би требало да остане на такво место.
Динамо Загреб има интерес но сега се појавуваат и шпекулации дека има понуди од Унгарија и Австрија.