Морено преку врски доведува играч во Ливерпул?

    Алберто Морено инаку лев бек во Ливерпул би можел да биде клучен човек за доведување играч од Севиља во Ливерпул.

    Станува збор за Виктор Махино Перез познат како Витоло.

    Витоло е крило, игра од 2013 во Севиља а играше и со Морено, а сега е веќе дел и од репрезентацијата на Шпанија.

    „Би сакал во иднина да играм во Англија. Ливерпул е клуб со голема историја, и Морено ми рече дека тој дрес одлично би стоел на мене“ – изјави Витоло.

    И Клоп изјави дека му е потребен крилен играч.