Магијата на Меси ги падна на колена Колумбијците, Чиле и Санчез лесно против Уругвај, Габриел го среди Перу


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Репрезентацијата на Аргентина на домашен терен ја совлада Колумбија со 3:0 во натпревар за пласман на СП.

    На Аргентина ова му беше еден од најважните натпревари во досегашниот дел од квалификациите бидејќи им требаа три бода за да останат во борба за пласман на СП.

    Домашните стигнаа до предност во 10-та минута кога маестро Меси од слободен удар постигна фантастичен погодок. Во 23-та минута Меси асистираше, а Прато зголеми на 2:0. Меси во финишот на натпреварот повторно беше во улога на асистент, а конечните 3:0 ги постави Анхел Ди Марија.

    Чиле го совлада Уругвај со 3:1. Кавани стрелаше за водство на Уругвај, но потоа следуваа три погодоци на фудбалерите на Чиле. Варгас судиското продолжение од првото полувреме го израмни резултатот. Во второто полувреме Алексис Санчез постигна два погодоци за победа на Чиле.

    Бразил го совлада Перу со 0:2. Двата погодоци беа видени во првото полувреме. Габриел Жесус со погодокот и асистенција му донесе победа на Бразил.