Пирло жали само за едно нешто во својата кариера


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Италијанскиот фудбалер, Андреа Пирло изјави дека жали што во текот на својата кариера не играл за Реал Мадрид или Барселона.

    „Уште ми стои трнот во очите што не играв за Реал Мадрид или Барселона бидејќи тоа е сонот на секој фудбалер да игра таму“, изјави Пирло.

    Пирло беше мета на двата најголеми шпански клуба кога играше во Милан, но тогаш клубот не му дозволуваше да си замине.

    „Милан не сакаше да ме пушти, а и добив нов договор. Дали бев разочаран? Вистина е дека не ми дозволија да одам, но во Милан поминав 10 години и освоив се што можеше да се освои“, додаде Пирло.

    Тој сепак кажа дека е задоволен со кариерата и дека играл за најдобрите италијански клубови.

    Пирло кариерата ја почна во Бреша, а од таму во 1998-ма се пресели во Интер каде помина три сезони, но беше на позајмица во Реџина и во матичниот клуб. Во Милан замина во 2001-ва и таму помина десет сезони пред да го засили Јувентус, а во 2015-та го засили Њујорк Сити.

    Пирло шест пати беше шампион на Италија, две титули освои со Милан, а четири со Јувентус. Со Милан два пати беше шампион на Европа, а го освои и суперкупот на Европа и светското клупско првенство.

    Со репрезентацијата на Италија беше светски шампион во 2006-та година и одигра 116 натпревари.