Скопје троши вода како да има 1 милион жители! Каде е проблемот? ↓↓↓
Златан Ибрахимовиќ поради добиени 5 жолти картони нема да може да настапи во дербито помеѓу Манчестер Јунајтед и Арсенал, но тоа воопшто не го радува Арсен Венгер кој смета дека Швеѓанецот и така не е најопасниот играч на „црвените ѓаволи“.
Венгер е загрижен поради Маркус Рашфорд кој поради казната на Ибра му отвара можност да игра од првата минута. Францускиот стратег потсети дека токму тој млад напаѓач минатата година најмногу ги измачи „топчиите“.
„Нас минатата година не “уби” Рашфорд. Беше силен, добро се движеше. Не изненади сите“, изјави Венгер за англиските новинари кога беше запрашан за отсуството на Ибрахимовиќ.
Во фебруари, Јунајтед на „Олд Трафорд“ го победи Арсенал со 3:2, а Рашфорд во неговиот втор сениорски настап од првата минута постигна два гола и запиша асистенција.