Е ова е изненадување – Милан сака репрезентативец на Англија!


    Скопје троши вода како да има 1 милион жители! Каде е проблемот? ↓↓↓


    Екипата на Милан би можела од јануарскиот трансфер период да биде многу посилна.

    Тие се принудени наскоро да ги израдуваат разочараните навивачи, но ако веќе не можат со резултати, тогаш ќе се обидат со добар трансфер.

    Имено, нивната сегашна цел е Даниел Стариџ, напаѓачот на Ливерпул кој во моментов не е во плановите на менаџерот на овој клуб, Јирген Клоп.

    Стариџ одигра осум натпревари во Премиер лигата, а во листата на стрелци не се запиша, и со тоа сосема е јасно дека наскоро му следи заминвуање од Ливерпул.

    Иако до сега се поврзуваше со многу англиски клубови, се чини дека тоа не е единствена опција за овој напаѓач и дека на крајот би можел да заврши во Серија А.