Јунајтед се пушта по играч од ПСЖ

    Како што наведуваат тамошните медиуми, Манчестер Јунајтед во Јануари би можел да пазари во Париз.

    Станува збор за Серги Ауриер кој блеска во дресот на ПСЖ сезонава.

    Не е тајна дека Мурињо нема стабилни играчи во дефанзивната линија па спасот би можел да го најде во тимот на ПСЖ.

    За Ауриер се интересира и Барселона, а ПСЖ не се верува дека би го пуштила под 25 милиони евра.