Кошчиелни наскоро ќе го продолжи договорот со Арсенал


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    До 2020. година, Кошчиелни, според новиот договор би требало да игра во Арсенал.

    Во рок од неколку дена, како што пренесува „L`equipe“, Лаурент Кошчиелни би требало да потпише нов договор со Арсенал кој би требало да го доведе до врвот на најплатените играчи на „топчиите“.

    На 31-годишниот француски дефанзивец стариот договор му истекува во 2017. година, а новиот би требало да го врзе со лондонскиот клуб до 2020. година. Истиот избор тврди дека договорот би требало да биде потпишен и пред да пристигне ПСЖ во среда на „Емирати“.

    Кошчиелни во Арсенал пристигна во 2010. година од Лориент и би можел да стане еден од Французите кои најдолго се задржале во Арсенал доколку го исполни договорот до крај. Десет години во Арсенал играше Тиери Анри, девет Патрик Виера, шест Роберт Пирес итн…