Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Тренерот на Арсенал, Арсен Венгер има големи проблеми пред натпреварот против Манчестер Јунајтед кој е на програмата утре.
Венгер потврди дека ќе има големи проблеми со составувањето на тимот, а најголемата е на позицијата десен бек.
Ектор Белерин се повреди, а од повреда уште не се опорави Метју Дебиши.
„Ектор е Ектор. Тој е многу добар фудбалер, силен. Нашиот тим е таков да ја имаме таа опција во нападот“, изјави Венгер.
„Имаме две опции, Џенкинсон и Габриел кој играше неколку пати во Виљареал како десен бек“, заклучи Венгер.