Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
На Сент Мери овој викенд играат Саутемптон и Ливерпул, а гостите ќе бидат без двајца стартери.
Дени Ингс и Шејн Оџо се повредени долго време, но Клоп за натпреварот против Саутемптон нема да може да смета на двајца стандардни стартери.
Тоа се Адам Лалана и Филипе Кутињо, фудбалери кои се повредија за време на репрезентативната пауза.
Лалана е надвор од конкуренција, а настапот на Кутињо е под знак прашалник.
Ова ќе биде голем проблем за Јирген Клоп, а еве го и составот кој го очекуваме:
Кариус, Клајн, Ловрен, Матип, Милнер, Хендерсон, Вајналдум, Чан, Мане, Стариџ и Фирмињо.