Инфантино го менува фудбалот, сака друг формат во уште едно натпреварување

    Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино сака да го зголеми бројот на учесници на светското клупско првенство од седум на триесет и два клуба.

    „Сегашниот состав на натпреварувања од седум клуба треба да се промени. Светот се менува, морамо клупското СП да го направи поинтересно како за самите клубови така и за навивачите во светот“, изјави Инфантино.

    Новиот претседател на ФИФА предложи 32 клуба, а првенството ќе игра од 10-ти до 30-ти јуни.

    „Колку е вредно напорно да се патува и да се менуваат временските зони поради еден или два натпревари. Мислам дека формулата со 32 клуба е добар предлог“, додаде Инфантино.

    Оваа година светското клупско првенство ќе се одржи од 8-ми до 19-ти декември во Јапонија, а ќе играат Реал Мадрид, Клуб Америка, Атлетико Национал, Мамелоди, Окланд Сити, азијскиот шампион и победникот на јапонското првенство.